Постигнат договор меѓу американското правосудство и притворената директорка на Huawei

Објавено на 26.09.2021 во Новости



Постигнат договор меѓу американското правосудство и притворената директорка на Huawei

Претставникот на министерството за правосудство предложи на судот во Њујорк да одложи до 1 декември 2022 година, четири години после апсот на Менг Ванжоу во Канада, постапка покрената кон крајот на 2018 година, против финансиската директорка, особено поради „заговорите“ покренати со цел да се изврши „банкарска измама“.

Во склоп не договорот за признавање на постигнатата вина, Менг Вангжоу признала одредени грешки, а сојузниот обвинител прво прифатил да се одложи, а потоа и да ги отфрли обвиненијата. Ако договорот не биде оспорен, ниту прекинат до 1 декември, тужбите ќе бидат повлечени, рекол службеник од американското министерство за правосудство. Со прифаќањето на овој договор, би требало да завршат трите години правна битка и напнатоста меѓу Пекинг, Вашингтон и Отава.