Словенија е прва земја во светот што издава свои NFT токени

Објавено на 28.09.2021 во Новости



Словенија е прва земја во светот што издава свои NFT токени

Словенија е ставена на мапата на најнапредни дигитални земји со разбирање на развојот на блокчејн технологијата, со оглед на тоа што ќе биде првата земја во светот што издава NFT токени. Технолошкиот парк Љубљана, Министерството за економски развој и технологија и Јавната агенција СПИРИТ Словенија, ќе ги претстават незаменливите токени на EXPO DUBAI 2020.

NFT ќе содржи колекција на уникатни дигитални 3D експонати и ексклузивни панорамски фотографии, т.е. фотографии со висока резолуција од 360 степени. Посетителите ќе добијат NFT во форма на подарок или дигитален сувенир бесплатно, при посета на словенечкиот павилјон EXPO DUBAI 2020. NFT (незаменлив токен) претставува единица на податоци, складирани во дигитална книга, наречена блокчејн, која потврдува дека дигиталните средства се уникатни и единствени, и дека не можат да се заменат. NFT може да се користи во форма на слика, видео, аудио и било каква дигитална датотека.