Google ја прекинува софтверската поддршка за Android 2

Објавено на 29.09.2021 во Android



Google ја прекинува софтверската поддршка за Android 2

Android 2.3.7 Gingerbread веќе нема да има софтверска поддршка од Google, што значи дека ова се однесува за телефоните произведени во 2010 и 2011 година. Последната верзија е произведена во септември 2011 година. Од пред два дена, 27 септември, поддршката на Google престанува за нив, така корисниците нема да можат да се најават на својот акаунт на Google.

Практично тоа значи и дека нема да може да ги користат апликациите на телефонот: Google Maps, Gmail, YouTube и Google Play. Нема да можат ниту да се инсталираат, ниту да се ажурираат.  Според статистичките податоци, 0,3% од сите Android телефони се со Android 2.3.7, што е еднакво на 10.000.000 уреди.