ASUS Eee Pad MeMo – се вратија 7 инчните таблети

Објавено на 02.12.2011 во Новости



ASUS Eee Pad MeMo – се вратија 7 инчните таблети

 

 

АSUS Eee Pad MeMo беше најавен уште пред една година на саемот CES и отогаш доживеа неколку трансформации.
 
Таблетот требаше да се лансира со Honeycomb, потоа Asus одлучи да додае малку 3D „шмек“ и стил, за конечно уредот да се појави како 7 инчен MeMo sans 3D таблет со Android 4.0 Ice Cream Sandwich. 
 
Asus го комбинира таблетот со MeMic Bluetooth технологија кој ќе ви овозможи да правите повици, да се користи оддалечено или од него да слушате музика.
 
Во однос на перформанси, немаме никакви информации што хардвер би можело да се најде на уредот, но земајќи предвид дека на 19-ти демекври Asus ќе го лансира Transformer Prime со четири-јадрениот NVIDIA Tegra 3, не би не изненадило ако истата технологија се најде и кај Eee Pad MeMo.
 
Таблетот во продавниците ќе се појави на 12 јанури.