Бројот на активни месечни корисници на TikTok надмина милијарда

Објавено на 30.09.2021 во Новости



Бројот на активни месечни корисници на TikTok надмина милијарда

Апликацијата што надмина милијарда месечни активни корисници е TikTok. Со оглед на тоа колку TikTok е популарен во последно време, јасно е дека оваа информација никого не изненадила, а не е тешко да се претпостави дека популарноста на TikTok, а со тоа и бројот на корисници, брзо ќе расте и понатаму.

Информацијата за бројот на корисници, TikTok ја објави на официјалниот блог, нагласувајќи дека сега веќе над милијарда луѓе секој месец пристапуваат кон TikTok, со цел да се забавуваат, да се смеат или да научат нешто ново. Оваа цифра е раст од 45% во споредба со јули 2020 година, кога порастот на бројот на корисници на Facebook оваа година порасна и изнесуваше над 7%. Моментално Facebook може да се пофали со 3 милијарда активни месечни корисници.