Најпознатиот дизајнер на Apple започнал соработка со Ferrari

Објавено на 30.09.2021 во Новости



Најпознатиот дизајнер на Apple започнал соработка со Ferrari

Пред две години Џони Ајв го напушти Apple и ја основа сопствената компанија LoveFrom. Со новата компанија почна да соработува со Apple и Airbnb, но еве веќе две години не сме слушнале ништо за Ајв и неговите проекти. Се до сега.

Генијалецот Ајв ќе дизајнира сега и автомобили. Ferrari изјавил дека со оваа соработка ќе ги соедини легендарните перформанси на Ferrari и брилијантното искуство на LoveFrom, која проектирала неверојатни производи што го менуваат светот. Не само што ќе ја дизајнира внатрешноста, туку и надворешноста на автомобилите. Главната причина за соработката ќе биде првиот електричен автомобил на Ferrari, кој би требало да се појави во 2025 година.





Прочитајте повеќе: