На Facebook му се закануваат големи казни во Русија поради забранета содржина

Објавено на 01.10.2021 во Новости



На Facebook му се закануваат големи казни во Русија поради забранета содржина

Државниот регулатор Roskomnadzor изјави дека Facebook би можел да биде казнет поради прекршување на прописите, за неотстранети објави со детска порнографија, злоупотреба на дрога и екстремистички содржини. Казната би била од 5% до 10% од годишниот приход остварен во Русија.

Експертите според документите проценуваат дека Facebook во Русија остварува годишен приход од околу 165 милиони долари. Roskomnadzor отвори 17 постапки против Facebook оваа година поради неотстранување на забранета содржина, се наведува во судските документи. Вкупните казни што му се закануваат што ги долгуваат изнесуваат 64 милиони рубљи. Управата на Facebook не ја платила казната, тврди Roskomnadzor.