Дрон влезе во средината на ураган и директно го емитувал видеото

Објавено на 02.10.2021 во Новости



Дрон влезе во средината на ураган и директно го емитувал видеото

Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) ги објавила видеата што ги снимал дронот што го испратиле директно во средиштето на ураган. Малиот уред се борел со 15 метарски бранови и ветрови, кои биле побрзи и од 190 километри на час во ураганот Сем.

Автономниот дрон се нарекува "Saildrone", развиен од истата компанија. Дронот е со специјално дизајнирано крило за ураган, кое му овозможува да издржи во претерано тешки услови во ураган, додека ги собира податоците за да им помогне на научниците повеќе да откриваат за една од најразорните сили на Земјата.