Ликстерката го откри идентитетот: На Facebook му е поважен профитот од безбедноста на корисниците

Објавено на 04.10.2021 во Новости



Ликстерката го откри идентитетот: На Facebook му е поважен профитот од безбедноста на корисниците

Ликстерката деновиве сподели интерни информации со Wall Street Journal за Facebook, вклучувајќи ги и резултатите со интерно истражување за негативното влијание на Instagram врз децата, особено тинејџерите. 

Вчера и го откри својот идентитет. Гостувајќи на CBS емисијата “60 Minutes”, Френсис Хоген изјавила дека како вработен на компанијата на Марк Цукерберг станала свесна за приоритетниот профит на Facebook и растот што го става пред јавната безбедност, со што се загрозуваат животите на луѓето. Освен во Facebook, Хоген работела и во други големи технолошки компании како што се Pinterest, Google, Yelp и Hinge и вели дека во споредба со тие компании, ситуацијата во Facebook е значително полоша.

Таа вели дека Facebook навистина имплементирал заштитни механизми со кои што влијанието на лажни вести пред американските избори се сведува на минимум, но после изборите повторно биле исклучени тие механизми и се вратиле на старата пракса, со приоритет раст, а не безбедност

Автор: Aleksandar Stankov