Xiaomi предводникот ќе биде со 6.55-инчен 4K дисплеј

Објавено на 04.10.2021 во Новости



Xiaomi предводникот ќе биде со 6.55-инчен 4K дисплеј

Xiaomi е еден од најголемите производители на смартфони, кој постојано воведува иновации. На пример, Xiaomi 11T Pro е првиот смартфон што може да се полни со 120W полнач. Според TENAA, „кинеската FCC агенција“ за сертификати, нов уред со кодно име 2109119BC е на повидок, кој би можел да се вика Xiaomi CC11 Pro.

Според спецификациите од документацијата на TENAA, новиот предводник на компанијата ќе биде со 6.55-инчен OLED дисплеј и 4K резолуција (2160 x 3840). Под хауба ќе има 8-јадрен процесор со 2.4GHz, 6GB, 8GB, 12GB, или 16GB RAM, додека внатрешната меморија може да биде со 64GB, 128GB, 256GB, и 512GB, додека сензорот за отпечатоци на прсти ќе биде вграден под дисплејот.

CC11 Pro ќе биде достапен во црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, виолетова, црна, бела, розева и цијан боја. Тројната задна камера ќе биде со 64MP + 8MP + 8MP со 5x оптички зум. Xiaomi CC11 Pro ќе има батерија од 5000mAh, а достапноста се уште не е позната, затоа што може да остане достапен само за кинески пазар.