Сите мрежи на Facebook синоќа беа мртви околу 6 часа

Објавено на 05.10.2021 во Новости



Сите мрежи на Facebook синоќа беа мртви околу 6 часа

Facebook, Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger беа мртви вчера во периодот од околу 18:00 до 12:00 часот. Причината никој не ја знаеше, а апликациите на социјалните мрежи можеа само да се отворат, но News Feed не можеше да се рефрешира, не можеа да се пишуваат пораки и не можеше да се пишува статус.

Facebook се изјасни дека причината за ова биле мрежните проблеми. Сега социјалните мрежи повторно функционираат нормално.

„Искрено извинување до сите погодени од прекинот на услугите на Facebook, тимот работи на поправањето и отстранувањето на грешките што е можно побрзо“, изјави техничкиот директор на Facebook Inc, Мајк Шрепфер, на Twitter.