Ел Салвадор го воведе bitcoin, а сега почна и со рударење

Објавено на 05.10.2021 во Новости



Ел Салвадор го воведе bitcoin, а сега почна и со рударење

Ел Салвадор стана првата земја во светот што го воведе bitcoin како официјално средство за плаќање, што влијаело врз цената на криптовалутите на светскиот пазар. Така одлучија да почнат и да го рударат, односно копаат. 

Рударењето со криптовалути бара моќни уреди за рударење, таканаречени ригови, троши и многу електрична енергија. Ел Салвадор го решил тој проблем со користење на природни ресурси, со моќта на вулканот. Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, на Twitter го објави видеото со цел да го видите системот на функционирање, кој се уште е во тест фаза: „Се уште го тестираме и инсталираме, но ова е официјално првиот bitcoin рударен од вулканоt“, напишал Букеле. 

Искористувањето на геотермалната енергија за рударење на bitcoin и не е толку лоша идеја, затоа што е зелена енергија, бесплатно достапна и која на големо го поевтинува рударењето. Љубителите на криптовалути во Исланд ја користат геотермалната енергија за рударење веќе долго време. Островот богат со гејзири и вулкани, ја користи геотермалната енергија и за греење.