Корисниците и денес наутро пријавуваат проблеми со пристап кон Facebook

Објавено на 05.10.2021 во Новости



Корисниците и денес наутро пријавуваат проблеми со пристап кон Facebook

Facebook, Instagram и WhatsApp се подобрија, но корисниците и понатаму пријавуваат проблеми со овие платформи што работат бавно, односно за некои корисници и понатаму се недостапни. Facebook објасни на својата страница објасни дека проблемот настанал кога се променила конфигурацијата на рутерите што го координираат мрежниот сообраќај меѓу нивните податочни центри.

Проблемите со сообраќајот влијаеле и врз начинот на кој податочните центри комуницираат. Проблемите влијаеле и врз интерните алатки на Facebook и системите што секојдневно се користат, поради што не можеле брзо да го дијагностицираат и решат проблемот. Главниот проблем е решен, но се уште има корисници што не можат да му пристапат на Facebook.