Facebook го тресе скандал, ликстерката излезе пред Сенатот: Водството не сака промени

Објавено на 07.10.2021 во Новости



Facebook го тресе скандал, ликстерката излезе пред Сенатот: Водството не сака промени

Личноста што го затресе Facebook и пред големиот пад на мрежата, Френсис Хоген, моментално е најпознатата ликстерка во светот. Поранешната вработена во Facebook упати сериозни обвинувања за сопственикот на социјалната мрежа, на емисијата „60 minutes“ и пред американскиот Сенат.

„Денес сум овде затоа што верувам дека производите на Facebook им штетат на децата, прават разлики и ја ослабуваат нашата демократија. Водството на компанијата знае како да ги направи Facebook и Instagram побезбедни, но не сакаат да ги направат потребните промени, затоа што го ставаат својот астрономски профит пред луѓето“, вели ликстерката Хоген.

Таа вели дека Facebook влијае негативно врз менталното здравје на тинејџерите. Со внатрешно истражување што не е објавено е утврдено дека 32% од анкетираните тинејџерки тврдат дека поради Instagram се чувствуваат лошо во своето тело.