Pixel 6 е 80% побрз од Pixel 5, благодарение на Google Tensor

Објавено на 10.10.2021 во Новости



Pixel 6 е 80% побрз од Pixel 5, благодарение на Google Tensor

Иван Блес тврди дека Google Pixel 6 и 6 Pro пристигнуваат со Tensor чип, кој што нуди 80% побрзи перформанси благодарение на вградената вештачка интелигенција со компјутерска фотографија. Tensor е првиот чип што Google го креирал за своите смартфони.

Новиот чип е фокусиран на вештачката интелигенција и машинското учење, кој ќе ви преведува пораки и видеа без интернет конекција. Тој има за 80% побрзи перформанси во споредба со Pixel 5, кој пак има Qualcomm Snapdragon 765G 5G процесор. Pixel 6 доаѓа со 50MP главен сензор, кој може да опфати 150% повеќе светлина одошто Pixel 5.  Pixel 6 Pro има 48MP главен сензор, со видно поле до 94 степени.

Pixel 6 Pro ќе биде со 6.7-инчен 120Hz LTPO дисплеј, додека Pixel 6 со 6.4-инчен дисплеј од 90Hz. Pixel 6 има ставка Extreme Battery Saver, што значи дека со неговата батерија од 4,620mAh и 30W брзо полнење, ќе имате долготрајност. Новите модели би требало да излезат на 19 октомври, а нивните цени ќе бидат околу 650 евра.