Google Pixel 6 ќе има опција со „волшебно копче“

Објавено на 11.10.2021 во Новости



Google Pixel 6 ќе има опција со „волшебно копче“

За да може да избришете некои предмети на сликата што многу ви се допаѓа, мора да имате познавања од Photoshop. Но, со напредокот на технологијата и вештачката интелигенција, каква што се користи во телефоните, бришењето на несаканите предмети од фотографиите станува многу едноставно.

Samsung така веќе кај најдобрите телефони веќе ја претстави технологијата за бришење предмети од снимени фотографии, а нешто слично и за претстојната нова генерација на Pixel спрема и Google. Pixel 6 би требало да има опција со „волшебно копче“, со што со само еден допир на екранот, од сликата ќе може да ги отстрани несаканите предмети. Новата функција нема да може да се применува кај сите елементи на сликата.