Google Pixel Watch е потенцијално одложен за 2022

Објавено на 13.10.2021 во Новости



Google Pixel Watch е потенцијално одложен за 2022

Google Pixel Watch би можел да биде одложен според Макс Вејнбах: „Пред 6 месеци ми рекоа дека доаѓа, но сега би можел да биде одложен поради недостаток на чипови“. Pixel Watch би можел да биде само најавен на следниот Pixel евент на 19 октомври, но ќе излезе следната година.

Веќе имаме многу слики со дизајнот на Pixel Watch, кој според сликите се одликува со кружен дизајн и без никакви рабови, со ротациона круна. Според досегашните рендери, смартчасовникот на Google ќе биде со 2.5D стакло и метална рамка и круна како кај Apple Watch од десната страна на уредот. Се уште нема информации каков чип ќе има Pixel Watch, но според гласините Google сака да вгради нешто како Tensor чипот во Pixel 6 телефоните. 

Автор: Aleksandar Stankov