TSMC и Sony ќе градат заедничка фабрика за чипови во Јапонија

Објавено на 14.10.2021 во Новости



TSMC и Sony ќе градат заедничка фабрика за чипови во Јапонија

Одредени автомобилски производители го паузираа производството во своите фабрики, новите модели на PlayStation бавно излегуваат на полиците во продавниците, а Apple мораше да го намали планираното производство на iPhone. Сите овие проблеми на пазарот се поради недостаток на чипови.

Факт е дека никој не знае кога ќе се стабилизира оваа ситуација. 200 милијарди долари ќе ја чини автомобилската индустрија оваа година поради тоа што не може понудата да ја задоволи побарувачката. Стабилна состојба се очекува следната година. Поради таа причина се очекува отварање на нова фабрика од страна на тајванската компанија TSMC и јапонскиот гигант Sony, која ќе се гради во Јапонија на земјиште на Sony. Инвестициите за ова би требало да бидат околу 7 милијарди долари, а јапонската влада ќе ја покрие половина од инвестицијата.