Принцот Вилијам за вселенскиот туризам: Мора да ја поправиме оваа планета, а не да бараме ново место

Објавено на 14.10.2021 во Новости



Принцот Вилијам за вселенскиот туризам: Мора да ја поправиме оваа планета, а не да бараме ново место

Војводата од Кембриџ ги критикувал вселенската трка и вселенскиот туризам, со оглед на тоа што условите на Земјата треба да се подобрат, а светските умови да се посветат на тоа.

„Треба најголемите умови во светот да бидат сосредоточени на обиди за поправање на оваа планета, а не на пронаоѓање на следното место за живот“, изјавил Вилијам.

Зборовите на Вилијам, беа кажани еден ден откако неговиот имењак Вилијам Шатнер, иконата од Ѕвездените патеки, влезе во историјата како најстара личност што ја посетила вселената.