Apple предупредува дека не е безбедно корисниците да инсталираат апликации од други продавници

Објавено на 15.10.2021 во Новости



Apple предупредува дека не е безбедно корисниците да инсталираат апликации од други продавници

Има предлог во Европската унија, со кој што треба да се примора Apple да ја отвори вратата на својот еко систем и да им овозможи на корисниците да инсталираат апликации надвор од App Store. Apple ја објави и својата анализа во случај на инсталација на апликации што не се проверени во App Store

Компанијата на Стив Џобс предупредува дека таквиот потег ќе ги изложи корисниците дополнително на ризик од кибернетски напади и малвери. Ако Apple биде приморан да дозволи инсталација на апликација од други извори, злонамерните апликации полесно ќе дојдат до корисниците, затоа што на кибернетските криминалци ќе им биде полесно да дојдат до нив, дури и кога би се ограничиле само на продавници на апликации од други издавачи. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: