Apple излегува со AirPods 3 на Unleashed настанот на 18 октомври

Објавено на 15.10.2021 во Новости



Apple излегува со AirPods 3 на Unleashed настанот на 18 октомври

Официјално откриено од заменик претседателот за маркетинг на Apple, Грег Џосвијак, е дека компанијата ќе го одржи новиот "Unleashed" настан на 18 октомври. Во понеделник се очекува Apple да ги претстави AirPods 3 со подолга батерија и подобрен аудио звук, редизајнирана кутија за полнење и друго.

Поништувањето на бучавата (Noise cancellation) не се очекува во Pro верзијата, со оглед на тоа што Apple сака да ја задржи цената од $250 за премиум верзијата на безжичните слушалки. Очекуваме и нов модел на Mac. 

Ќе биде претставен и наследникот на M1 (M1X) чипот со 16 билиони транзистори, произведен од TSMC, кој би можел да биде вграден во некој од новите Mac што Apple ќе ги претстави. Настанот во живо може да го гледаме на официјалната страница на Apple. Вторник, 19 октомври ќе биде ден резервиран за Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro.





Прочитајте повеќе: