Samsung S22 Ultra: Протекоа рендери со футроли со слот за S-Pen

Објавено на 15.10.2021 во Новости



Samsung S22 Ultra: Протекоа рендери со футроли со слот за S-Pen

Samsung Galaxy S22 серијата е се уште неколку месеци далеку, а ние веќе очекуваме официјално претставување во јануари 2022 година. Веќе знаеме прилично детали за новата серија, од која најмногу се интригираме за Galaxy S22 Ultra и потенцијалните можности за добивање на S-Pen.

Експертите досега само прогнозираа дека ќе има стилус, а сега протекоа и рендери со футроли кои што потврдуваат дека ќе има слот за S-Pen. Дупката е позиционирана од десната страна на USB-C портот, што значи дека се очекува навистина да има S-Pen слот.