Илон Маск сега е побогат од Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Објавено на 16.10.2021 во Новости



Илон Маск сега е побогат од Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Богатството на Илон Маск е поголема цифра од богатството на Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно. Бафет се наоѓа на 10 место од списокот со богати луѓе, чија вредност изнесува 103 милијарди долари, а Гејтс е на 4 место и тежи 130 милијарди долари.

На 2 место е Џеф Безос со 197 милијарди долари, на 3 место е Бернард Арно со 164 милијарди долари. Тој и Бафет се единствените личности на топ 10 листата чие богатство не го оствариле на технолошкиот пазар. И покрај сите проблеми со Facebook, Марк Цукерберг се наоѓа на 7 место со 121 милијарда долари, додека пред него се основачите на Google. Богатството на Илон Маск пораснало за неверојатни 66 милијарди долари, а тоа се должи на одличните перформанси на Tesla Inc., како и неодамнешната инвестиција во SpaceX, со која вредноста на компанијата достигна 100 милијарди долари. Богатството на Маск тежи 236 милијарди долари.

Автор: Aleksandar Stankov