Маск: Автономијата на возилата мора да работи без конекција со интернет

Објавено на 19.10.2021 во Новости



Маск: Автономијата на возилата мора да работи без конекција со интернет

Tesla автомобилите во иднина нема да имаат потреба од интернет за да функционираат FSD и Autopilot-от. Интернетот ќе им биде потребен само за ажурирање на софтверот, што е многу нормално. Шефот на Tesla Inc., Илон Маск, потврди дека автономните возила „мора“ да функционираат без интернет. 

Тоа за многумина во автомобилската индустрија би можело да звучи како предизвик. На пример, за роботакси ќе мора да има интернет поради навигацијата и поради повикот, но самиот чин на возење треба да виде независен од конекција со интернет. Автономното возење треба да се фокусира на сензорите и контролата на возилата при возењето.