Xiaomi најави почеток на масовно производство на електрични автомобили!?

Објавено на 20.10.2021 во Новости



Xiaomi најави почеток на масовно производство на електрични автомобили!?

Со радикалната транзиција на пазарот на автомобили, се менуваат и главните играчи на пазарот. Некои од традиционалните автомобилски компании нема да преживеат ако не се прилагодат кон промените. Новите играчи на пазарот на електрични автомобили ќе бидат технолошките компании.

Така Tesla многумина ја сметаат повеќе за технолошка отколку класична автомобилска компанија, Waymo на Google веќе над 10 години развива технологија за автономно возење, Amazon инвестираше во Rivian и Zoox, а Apple исто така собра многу професионалци со искуство во производството на електрични автомобили. Xiaomi е новиот играч на пазарот, кој според најавите на извршниот директор Леи Џун, во првата половина на 2024 година ќе започне со масовно производство на електрични возила. Така цената на акциите на берзата на Xiaomi веднаш порасна за 5%.





Прочитајте повеќе: