Honor најавува враќање на глобалниот пазар со нови сопственици

Објавено на 20.10.2021 во Новости



Honor најавува враќање на глобалниот пазар со нови сопственици

Брендот на смартфони што настана како дел од Huawei, Honor, започнува нов живот. Откако Huawei го продаде, од Honor најавија враќање на светскиот пазар со цела низа нови уреди. 

„Honor преку своите услуги и производи настојува да создаде поинтелигентен свет за сите и сака со своите иновации да се позиционира како глобален технолошки бренд. Во согласност со тоа, во центрите за истражување континуирано работиме кон подобрување на постоечката технологија, имплементирајќи ја во нови уреди“, рекол Брус Хуанг.

Honor неодамна во Кина го лансираше Honor MagicBook V 14, еден од првите лаптопи во светот со прединсталиран Microsoft Windows 11 оперативен систем, со кого во иднина ќе се зајакне стратешкото партнерство и ќе се развиваат решенија што може да ги вклучат различни софтвери и хардвери за различните потреби на корисниците.