Фолксваген развива самостојно електрично такси за лица со посебни потреби

Објавено на 21.10.2021 во Новости



Фолксваген развива самостојно електрично такси за лица со посебни потреби

На DRIVE настанот, Фолксваген го претстави новото електрично возило OnePod, што е шатл за четворица. Сите патници што е тешко да влегуваат во возилата, сега ќе имаат превоз што ќе може да се адаптира според нивните потреби. Фолксваген развива возило што ќе може да ја прилагодува својата висина според висината на тротоарот и потребата на патникот.

Било кој со инвалидска количка, или дете или пензионер, ќе може да влегува на достојна висина преку голема врата што се отвара на лизгање, во електричното возило на Фолксваген.

Автор: Aleksandar Stankov