Илон Маск би можел да стане првиот трилионер на светот

Објавено на 22.10.2021 во Новости



Илон Маск би можел да стане првиот трилионер на светот

Главниот извршен директор на Tesla Inc. би можел да стане првиот билионер во светот, благодарение на SpaceX, смета аналитичарот Морган Стенли. Илон Маск е веќе најбогатиот човек на светот со имот во вредност од 241 милијарда долари.

Тоа го должи на првата компанија Tesla која што произведува електрични автомобили, но благодарение на издигнувањето на SpaceX во истражувањето на вселената и вселенскиот туризам, само прашање е на време кога ќе стане првиот светски билионер. SpaceX се проценува дека вреди 200 милијарди долари, а Маск е сопственик со 48% од компанијата.

Автор: Aleksandar Stankov