Најдобрите брзи полначи за Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro

Објавено на 22.10.2021 во Новости



Најдобрите брзи полначи за Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro

Google Pixel 6 и Google Pixel 6 Pro се конечно на виделина, кои дигнаа голема прашина во јавноста, со оглед на тоа што Google се потрудил телефоните да ги направи екстра, а воедно ова е најдобрата понуда што компанијата некогаш ја понудила.

Имате и брз полнач заедно со новите Google Pixel телефони, кој има побрзи перформанси во споредба со претходните, цената е прифатлива, големината е компактна и ви нуди се што ви е потребно. 

Со новиот Tensor чип, изработен од самата компанија, подобрените камери и свежиот дизајн за компетитивна цена. Новите Pixel телефони имаат поддршка за максимална брзина на полнење од 30W. Како повеќето телефони денес, немаат адаптер за полнење во кутијата, при што Google тврди дека со 30W USB-C полнач ќе може телефонот да го наполните до 50% за само 30 минути.