81-годишна жена ја креирала првата апликација

Објавено на 05.03.2017 во Новости



81-годишна жена ја креирала првата апликација

Масако Вакамија (81) од Јапонија разбира многу програмирање, многу подобра е од своите врснички, но и некои од помладата генерација. После полни 8 животни децении таа ја направила првата апликација за iPhone. Тоа е всушност игра со симболика за јапонската традиција.

43 години работела во една од најдобрите јапонски банки, на 60 години почнала да се занимава со книговодство, а во чест на фестивалот Хинамацури (Денот на девојките), кој се одржува на 03 март во Јапонија, изработила iOS апликација, која ги учи корисниците како правилно да ги постават куклите за фестивалот. Апликацијата Hinadan бара поставување на 12 кукли на одредени позиции, а играта завршува кога правилно ќе ги распоредите.

Масако поседува и блог на јапонски и англиски јазик, снима и споделува видеа од своите патувања и подучува како да користите Excel за изработка на уметнички дела.Видеото одозгора е предавање за стареењето во дигиталната ера. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}