eBay за BlackBerry

Објавено на 05.12.2011 во Новости



eBay за BlackBerry

 

Корисниците на BlackBerry ја добија втората верзија од апликацијата на популарната страна за купување и продавање преку интернер, еbay.
 
Апликалцијата веќе е достапна за iOS и Android платформата, па сега компанијата не сакаше да ја издводи и BlackBerry платформата од понудата. Апликацијата им овозможува на корисниците да наддаваат за некоја понуда, да следат информации и да огласуваат директно преку нивниот телефон.
 
Исто така, апликацијата ви овозможува да примате известувања за нови ценовни понуди за некој производ, дури и да ставате фотографии за тој производ преку камерата на вашиот BlackBerry. А едно од поинтересните работи е што ако сакате да споделите „real-time“ информации од веб-страната на eBay тоа можете да го направите преку апликацијата BBM.
 
Апликацијата eBay за BlackBerry е бесплатна за преземање од BlackBerry App World и достапна за оние корисници со BlackBerry4.5.0 OS или понова верзија.