Oppo ќе дебитира со моќен флексибилен смартфон во ноември 2021

Објавено на 24.10.2021 во Новости



Oppo ќе дебитира со моќен флексибилен смартфон во ноември 2021

Oppo е во финални подготовки на својот прв флексибилен смартфон, кој ќе пристигне со моќни перформанси. Пристигнува во текот на следниот месец ноември, со 8-инчен LTPO внатрешен дисплеј од 120Hz технологија, произведен од Samsung, додека под хауба ќе биде со најмоќниот процесор Qualcomm Snapdragon 888.

Oppo ќе дебитира прво на кинескиот пазар, а за глобалната достапност се уште немаме информации. Задната камера ќе биде со главен сензор на Sony IMX766 и со резолуција од 50MP, додека селфи камерата ќе биде 32MP. Сензорот за отпечатоци на прсти ќе биде лоциран странично на рамката на телефонот. Останете со нас до најновите детали.

Автор: Aleksandar Stankov