LG Display наводно развива екран за iPhone 14 Pro со hole-punch
Објавено на 25.10.2021 во Новости
Корејските медмиуми пишуваат дека LG Display почнал да развива технологија за “Under Display Camera” (UDC) за смартфони и таблети. Оваа технологија веќе ја видовме кај ZTE Axon 30 5G и Samsung Galaxy Z Fold 3. Технологијата за камера под екранот подразбира да имате само една дупка за камерата, а се друго околу неа да биде екран.
LG Display планира да ја зголеми пропустливоста на светлината на UDC до 20% во 2023 и 40% до 2024 година. Со цел да може да функционира UDC, мора да има ниска густина на пиксели, околу 200PPI, со цел да и дозволи на светлината да помине меѓу дисплејот и селфи камерата. За iPhone 14 Pro се зборува дека ќе има верзија од 2TB QLC NAND меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.