Не беше тешко за Tesla Inc. да надмине 1 трилиони долари

Објавено на 26.10.2021 во Новости



Не беше тешко за Tesla Inc. да надмине 1 трилиони долари

Акциите на Tesla Motors пораснаа за 14.9%, а вредноста на компанијата достигна 1,45 трилиони долари, со што Tesla стана највредниот производител на автомобили на светот. Tesla е првата автомобилска индустрија што се приклучи кон елитниот клуб на компании од трилиони долари и повеќе: Apple, Amazon, Microsoft и Alphabet.

Повеќето производители не се фалат со нарачките за rent-a-car компании, кои по намалени цени ги продаваат возилата што слабо се продаваат. Така комапнијата Hertz нарачала 100.000 автомобили на Tesla до крајот на 2020 година, со што на дело се гледа дека електричните возила веќе не се ексклузивен производ, туку наскоро ќе доминираат на масовниот авто пазар. Извршниот директор на Tesla Inc., Илон Маск, си постави за цел раст во продажбата од 50% годишно, што е еднакво на 20 милиони продадени возила за една година. Тоа е двојно повеќе од моменталните пазарни лидери Volkswagen и Toyota.

Tesla Model 3 минатиот месец бил најпродаван автомобил во Европа, официјално објавила консултантската компанија JATO Dynamics. 





Прочитајте повеќе: