Xperia PRO-I е новиот смартфон на Sony што се нарекува „камерата“

Објавено на 26.10.2021 во Новости



Xperia PRO-I е новиот смартфон на Sony што се нарекува „камерата“

Sony го претстави Xperia PRO-I со 1-инчен сензор на камера, кој е позајмен директно од компактната камера Sony Alpha RX100 VII. Јапонската компанија со овој модел сака да го редефинира изразот „телефонска камера“ со своето новороденче, новиот телефон кој го нарекува „камерата“ (“The Camera”).

Xperia PRO-I е сосема нов модел, кој што не може да се спореди со Xperia 1, 5, или 10, ниту пак со Xperia PRO, и покрај сличноста во името. The Xperia PRO-I нуди комплетен пакет за сите фотографи и видеографи. Најважната алатка е 1.0-type Exmor RS сензорот за камерата со автофокус и фазна детекција, и 24мм ZEISS Tessar Optics бленда со двојна бленда F2.0/F4.0.

Sony го опремил Xperia PRO-I со можност за снимање видеа во 4K и 120fps, како и со Eye AF технологија за следење на предметите за време на снимањето. Имате и оптичка стабилизација на сликата благодарение на Optical SteadyShot со FlawlessEye. Xperia PRO-I има 6.5-инчен 4K HDR OLED дисплеј со 120Hz, Qualcomm Snapdragon 888 процесор, 12GB RAM меморија и 512GB внатрешна меморија. Имате и слот за microSD картичка.

Батеријата изнесува 4,500mAh и може да се наполни до 50% за само 30 минути со 30W полнач. Цената на Xperia PRO-I изнесува 1800 евра и ќе стане достапен на почетокот на декември само во Франција, Германија, Холандија и на Скандинавскиот полуостров.