Европол во акција: Затворени се dark web пазари, запленети се милиони евра и криптовалути

Објавено на 27.10.2021 во Новости



Европол во акција: Затворени се dark web пазари, запленети се милиони евра и криптовалути

Речиси 150 луѓе се упасени во склоп на светската акција против илегалната трговија на dark web, објави Европол, што е една од најголемите такви акции досега. Во акцијата под името DarkHunTOR запленети се неколку милиони евра во пари и bitcoin, дрога и оружје.

Акцијата следувала откако во јануари под водство на германската полиција е сузбиен DarkMarket, еден од главните пазари на dark web. Акцијата DarkHunTOR имала акција во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Велика Британија и САД, наведува Европол. Запленети се 26,7 милиони евра во пари и криптовалути, дрога, 25.000 парчиња екстази и 45 парчиња оружје. Италијанската полиција ги затворила илегалните пазари на DeepSea и Berlusconi на кои што биле огласени над 100.000 илегални производи.

Автор: Aleksandar Stankov