Nokia 6310 се врати во ретро модерно издание после 20 години

Објавено на 27.10.2021 во Новости



Nokia 6310 се врати во ретро модерно издание после 20 години

HMD Global официјално го објави новиот ретро телефон Nokia 6310, со батерија што може да трае и неколку недели и ја има легендарната игра со змијата од 90-те години на минатиот век. Nokia 6310 има поголеми копчиња, зголемено мени и безжично FM радио. 

Се разбира, се работи за редизајниран телефон, силно куќиште од поликарбонат, со цел да не се скрши ако ви падне. Поминаа точно 20 години откако беше претставен овој модел на Nokia, па затоа HMD Global во негова чест повторно го лансираше на пазарот.