Samsung ги демонстрира бенефитите од One UI 4 преку видеа

Објавено на 28.10.2021 во Android



Samsung ги демонстрира бенефитите од One UI 4 преку видеа

Samsung пред официјалното претставување на One UI 4.0 интерфејсот, објави две видеа на YouTube, кои се како вовед пред претстојната софтверска надградба. One UI 4 се уште е во бета фаза на тестирање.

One UI 4 дефинитивно располага со нов изглед, кој се должи на тоа што Samsung претходно ги ислушал желбите на своите корисници. Првите промени се спомнуваат во боите на софтверот, кои се сега групирани, при што интерфејсот изгледа многу поедноставно и интуитивно за ракување. За повеќе детали за новиот интерфејс што доаѓа со Android 12, погледнете ги двете видеа. 

Се уште нема дата кога официјално ќе излезе One UI 4, но се очекува тоа да биде сега во декември. Samsung Galaxy S22 серијата ќе биде прва што ќе го добие новиот оперативен систем.