Qualcomm ги претстави новите Snapdragon 778G+ 5G, 695 5G, 480+ 5G, и 680 4G

Објавено на 28.10.2021 во Новости



Qualcomm ги претстави новите Snapdragon 778G+ 5G, 695 5G, 480+ 5G, и 680 4G

Американскиот производител за чипови, Qualcomm, ги претстави четирите дополнителни серии на Snapdragon 7, 6 и 4 серијата: 

    Qualcomm Snapdragon 778G+ 5G
    Qualcomm Snapdragon 695 5G
    Qualcomm Snapdragon 480+ 5G
    Qualcomm Snapdragon 680 4G

Новите мобилни платформи се со цел да ги зголемат перформансите на високата класа на Qualcomm, средната класа и буџетската класа. Три од новите чипови се со 5G-технологија.

Snapdragon 778G Plus 5G е наследник на Snapdragon 778G со зголемени графички и процесорски перформанси, со цел да го подобри играњето игри и да ја подобри вештачката интелигенција (AI) за подобри слики и видеа“, велат од Qualcomm.

Snapdragon 695 5G е со глобална 5G поддршка за mmWave и sub-6 GHz. Оваа платформа има за 30% побрза графика и 15% подобро процесирање во споредба со Snapdragon 690.

Snapdragon 480 Plus 5G се базира на Snapdragon 480, со цел да се овозможи 5G конекција за корисниците. 

Snapdragon 680 4G се базира на 6нм процес на производство, кој има за цел да овозможи целодневно користење, оптимизирано играње на игри и тројна ISP алатка. 5G прифаќањето продолжува да се комерцијализира во светот, а Snapdragon 680 овозможува неверојатно добро LTE искуство.