Meta (Facebook) го спрема смартчасовникот „Milan“ за 2022 година

Објавено на 31.10.2021 во Новости



Meta (Facebook) го спрема смартчасовникот „Milan“ за 2022 година

Марк Цукерберг отвори ново поглавје на Facebook, а насловот на новото поглавје е Meta. Новото име е само за компанијата, а Facebook останува само име на социјална мрежа, која е дел од таа компанија. Под сопственост на брендот Meta Facebook ќе се развива и продава хардвер.

Bloomberg вчера ја објави и првата фотографија од смартчасовникот на Meta. Кодното име на часовникот е Milan. Се уште немаме никакви детали за уредот, за кого се претпоставува дека ќе има камера со засек (notch). Благодарение на малиот хардверски засек и камерата корисниците преку Milan ќе може да пристапат кон видео конференции, но ќе може да фотографираат и снимаат видеа, до кои ќе имаат пристап преку нивните смартфони. 

Новиот смартчасовник на Meta би бил претставен во текот на 2022 година, а дали дизајнот ќе остане како овој на сликата, останува да видиме во иднина. Од Facebook, односно Meta, не сакале да ги коментираат овие информации.