Студенти го тужеле Apple, бараат да им се испорача полнач и да им платат по 16 долари

Објавено на 31.10.2021 во Новости



Студенти го тужеле Apple, бараат да им се испорача полнач и да им платат по 16 долари

При претставувањето на минатата генерација на iPhone, Apple направил една голема промена што на никој не му се допаднала. Исфрлени се слушалките и полначот од кутијата што одеа во комплет со смартфоните. „Оправдувањето“ на компанијата за таа промена е за заштита на околината, но никој не го сфати ова сериозно.

Се разбира, на сите ни е јасно дека овој потег е финансиски мотивиран за заштеда во производството и пакувањето. Пет студенти подигнале тужба против Apple, затоа што во пакувањето на iPhone 12 не доставиле полнач. Студентка била фрустрирана кога купила нов iPhone, а во кутијата немало полнач. Со оглед на тоа што iPhone сега испорачува USB-C to Lightning кабел, кој не може да се приклучи дома, мора да купите нов компатибилен USB-C полнач или Apple MagSafe полнач. Во тужбата е наведено дека Apple со исфрлањето на полначот сака да ги промовира своите MagSafe полначи. 

Судската постапка е во теко, а од Apple не се согласуваат со наводите од тужбата, затоа што на самото пакување пишува дека нема полнач во кутијата со iPhone. Студентите бараат од Apple да им испорача полнач, но и да им платат 16 долари за прекршување на договорот и судските трошоци. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: