Apple го спрема iPhone SE со поголем екран и 5G поддршка

Објавено на 01.11.2021 во Новости



Apple го спрема iPhone SE со поголем екран и 5G поддршка

Во последните неколку месеци кружат многу гласини за претстојната верзија на евтиниот iPhone од серијата SE. Се спомнува поголем екран, 5G поддршка, подобри камери, но прашање е кога тој уред ќе се појави на пазарот. Новиот iPhone SE можеме да го очекуваме на пролет 2022 година, но тој не би требало да донесе некои спектакуларни опции. 

Тоа што тој би требало да го донесе е 5G поддршка и најнов Apple хардвер, додека останатите опции треба да останат исти повеќе или помалку. Дијагоналата на екранот би требало да остане 4,7 инчи, а Apple нема премногу да го менува дизајнот, кој и понатаму ќе остане базиран на стариот модел iPhone 8.





Прочитајте повеќе: