Samsung наводно започнува со масовно произоводство на деловите за Galaxy S22

Објавено на 01.11.2021 во Новости



Samsung наводно започнува со масовно произоводство на деловите за Galaxy S22

Samsung наводно започнал со масовно производство на деловите за Galaxy S22, објавил германскиот сајт WinFuture. Јужнокорејската компанија ќе ги лансира следните три модели: Galaxy S22 (број на модел SM-S901), Galaxy S22 Plus (SM-S906), и Galaxy S22 Ultra (SM-S908). 

Новата Galaxy S22 серија би требало да биде претставена на почетокот на следната 2022 година, односно на крајот на јануари или почетокот на февруари. Февруари изгледа поверојатно дека ќе биде откриен, додека Galaxy S21 FE ќе го имаме на CES 2022 настанот, кој ќе се одржува од 5 јануари до 8 јануари. Следната S серија ќе биде опремена со AMD Exynos 2200 чип, за европските модели, а следниот Ultra модел се очекува да биде со S Pen стилус.