Илон Маск: Опишете ми како 2% од моето богатство го решава проблемот со глад и веднаш продавам акции

Објавено на 02.11.2021 во Новости



Илон Маск: Опишете ми како 2% од моето богатство го решава проблемот со глад и веднаш продавам акции

Илон Маск моментално е најбогат човек во светот, при што неговото богатство се проценува на 311 милијарди долари. Дејвид Бисли, директорот на ОН во одделот за светската програма за храна, за CNN изјави дека донација од 6 милијарди долари од милијардерите како што се Маск и Безос, би можела да помогне на 42 милиона луѓе што буквално ќе умрат ако не стигне храна до нив. 

„Ако 2% од моето богатство може да го реши моменталниот проблем со гладта во светот, веднаш ќе продадам акции од Tesla. Ама барам гаранција и одговорност колку пари ќе се потрошат“, напиша Илон Маск на Twitter.

Бисли преку Twitter му одговори: „Ве уверувам дека имаме системи за транспарентност и open source сметководство. Вашиот тим може да го прегледа и да работи со нас со цел потполно да се уверите во тоа“. 

Автор: Aleksandar Stankov