Ќе стигне ли Биткоин до 500 илјади долари следниве години

Објавено на 02.11.2021 во Новости



Ќе стигне ли Биткоин до 500 илјади долари следниве години

Имаме секакви теории дека биткоин може да стигне до вредност од 100 илјади, па дури и до 1 милион долари. Кети Вуд, основач и извршен директор на американската компанија Ark Invest, изјави дека цената на биткоин може да стигне до половина милион долари на долг рок, односно во период до 5 години. 

„Ако компаниите продолжат да ги диверзифицираат своите пари во нешто како биткоин, а институционалните инвеститори почнат да издвојуваат 5% од своите средства за биткоин, веруваме дека цената ќе биде 10 пати повисока од сегашната, или наместо 45.000 долари, над 500.000 долари“, изјави Кети Вуд, чии проценки имаат големо значење за американските медиуми.

Таа е позната по тоа што ја предвиде цената на акциите на Tesla во 2018 година, со прогноза дека акциите на Тесла ќе пораснат за 1200%, од 300 на 4.000 долари по акција, во следните години.