Facebook го укинува системот за препознавање на лице: Веруваме дека е соодветно

Објавено на 03.11.2021 во Новости



Facebook го укинува системот за препознавање на лице: Веруваме дека е соодветно

Регулаторите се уште се во процес на давање на јасни правила кои што ја регулираат употребата од таа технологија, напишал во блогот Џером Песенти, потпретседателот на Facebook, задолжен за вештачка интелигенција: „Среде оваа постојана неизвесност, веруваме дека ограничувањето на употреба за препознавање на лице е соодветно.“

Компанијата минатата недела се преименуваше во Meta Platforms. Наведуваат дека над една третина од дневно активните корисници на Facebook ја вклучиле поставката за препознавање на лице, а промената сега ќе ги избрише предлозите за препознавање на лице, на над милијарда луѓе. Отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде довршено до декември, потврдуваат од Facebook.

Автор: Aleksandar Stankov