HUAWEI nova 9 е претставен од група инспиративни поединци. Запознајте го тимот на nova!

Објавено на 03.11.2021 во Новости



HUAWEI nova 9 е претставен од група инспиративни поединци. Запознајте го тимот на nova!

Новиот паметен телефон од HUAWEI - nova 9 - е комбинација на уникатна естетика, ултра лесен дизајн, силна камера и моќни перформанси што го прави совршен асистент за секојдневниот живот за современите корисници со зафатен начин на живот.  По повод претставувањето на новиот смартфон, HUAWEI покани на соработка група извонредни личности кои ја претставуваат ДНК-та на nova 9 – тие се динамични, стилски и независни.

Што се однесува до модерното темпо на живеење, HUAWEI создаде паметен телефон на кој можете да се потпрете во секој момент од денот и ноќта.  Благодарение на алгоритмот за осветлување на ноќните снимки со супер слаба осветленост, Super Sensing фотографијата од 50 MP RYYB, функциите за екстремно ноќно фотографирање и ноќно селфи видео, nova ви овозможува да снимате одлични моменти во текот на ноќта и да останете динамични во текот на целиот ден.  Бидејќи смартфонот секогаш го носите со вас, важно е неговиот дизајн да одговара на вашиот стил. HUAWEI nova со својот ултра тенок, ултра лесен дизајн, во две варијанти на бои - Ѕвездена сина и црна - е стилски, елегантен додаток кој ќе одговара на секоја облека и ќе го нагласи вашиот стил.

За да биде во тек со вашето темпо на живот, HUAWEI nova 9 има батерија со висок капацитет од 4300 mAh со 66W HUAWEI SuperCharge, кое овозможува целосно полнење за само 38 минути. Можете да останете независни бидејќи слабата батерија повеќе нема да ве принудува да ги менувате вашите планови. Покрај тоа, Huawei nova обезбедува брзи, мазни и моќни перформанси, како и одлични кориснички искуства, како во секојдневните задачи, така и во текот на забавата, благодарение на Snapdragon 778G 4G мобилната платформа, надополнета со напредното решение за ладење на Huawei и технологијата за вештачка интелигенција.

Динамичен, стилски, независен, со високи перформанси - главните функции на новиот паметен телефон се рефлектираат во карактеристиките на моќните поединци кои HUAWEI ги покани на соработка.  Запознајте го тимот на nova!