Замената на екранот на iPhone 13 е речиси невозможна мисија за сите неовластени сервиси

Објавено на 05.11.2021 во Новости



Замената на екранот на iPhone 13 е речиси невозможна мисија за сите неовластени сервиси

Оштетениот екран на смартфоните е еден од најчестите проблеми и единствено решение е замена. Apple овој пат одлучил да ја отежни замената на екранот од страна на независните сервиси за мобилни, освен ако сервисерот знае како да изврши микролемење. 

Микролемењето значи дека мора да знаете како успешно да го отстраните микрочипот од оригиналниот екран и истиот да го залемите на заменскиот екран. Ако не го направите тоа, опцијата за препознавање на лице веќе нема да може да функционира. Се разбира, официјалните сервиси на Apple немаат проблем со наведената замена на екранот на iPhone 13, затоа што имаат софтвер што може да го натера iPhone 13 да го прифати заменскиот екран со неколку кликови на глувчето, пишува порталот iFixit.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: