„Преплашена сум од идејата за додавање на уште микрофони и сензори од Facebook во нашите домови“
Објавено на 05.11.2021 во Новости
Ликстерката Френсис Хоген и поранешна вработена во Facebook, изрази загриженост од причина што Facebook најави развој на метаверзумот, заедничкиот виртуелен простор.
„Лично сум преплашена од идејата за додавање на уште микрофони и сензори на Facebook во нашите домови, во нашите канцеларии, тие системи да се вградат во нашиот живот, да не шпионираат, кога немаме поим како се служат тие со нашите податоци“, изјави Хоген.
Facebook неколку пати покажа дека не може да му се верува, вели Хоген. Таа го критикува Facebook дека ги насочува ресурсите во погрешни области. „Можевме да ги заштитиме луѓето во Етиопија затоа што се одвива етничко насилство поради социјалните мрежи“, вели таа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.