Samsung Galaxy Tab A8: Протекоа спецификациите, излегува во 2022

Објавено на 08.11.2021 во Новости



Samsung Galaxy Tab A8: Протекоа спецификациите, излегува во 2022

Samsung Galaxy Tab A8 ќе биде солиден и ценовно прифатлив таблет, со цена до 260 долари. Неговиот 10,5-инчен LCD дисплеј од 60Hz ќе биде со резолуција од 1.920x1.200 пиксели. Звучниците ќе бидат Dolby Atmos, ќе има 3,5мм џек за слушалки и USB-C приклучок.

Дизајнот на телото е од алуминиум, а под хауба ќе има процесор Unisoc Tiger T618. Ќе има две верзии на таблети, едниот ќе биде само со Wi-Fi конекција, а другиот ќе има и можност за поврзување со LTE мрежа. Производството на Galaxy Tab A8 започнува кон средината на декември, а треба да биде претставен во јануари или февруари, 2022 година.